За ИКС

Институтот за комуникациски студии е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.

_____________

Институт за комуникациски
студии

Осумгодишно искуство во едукација, истражување и советување за комуникации и односи со јавност. Прочитајте зашто сме најдобри.

Што работиме?

Едукација на професионалци и студенти за медиуми, комуникации, лидерство и менаџмент.

Зајакнување на професионализмот во медиумите, новинарството и корпоративните комуникации.

Распространување на знаења преку публикации и нивно поврзување со практиката.

Подобрување на комуникациските капацитети на организации и институции.

Новости

Едуцираме

Нудиме магистерски студии во областа на комуникациите и медиумите, но едуцираме и преку други наши програми и активности.

Советуваме

Нашиот тим на експерти стои на располагање за обука и поддршка на комуникациските активности на вашата организација.

Студиите ми отворија нови видици и стекнав знаење кое ми помогна да ја постигнам посакуваната лична надградба.

Александра Спасевска

лице за односи со јавноста во Министерство за економија

Студиите на ИКС со најнова литература и работа на реални задачи ве воведуваат во она што е најважно во индустријата.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ

новинарка во ТВ Канал 5

Професорите се искусни професионалци, експерти и комуниколози секогаш достапни за индивидуални совети и менторство.

Владимир Делов

лице за односи со јавноста во Министерство за правда

Студирањето еден семестар во Литванија преку Еразмус+ програмата ми помогна да ги унапредам знаењата во комуникациските науки.

Дарко Малиновски

постдипломец

На студиите на ИКС научив како стратешки и одговорно да им пристапувам на секојдневните професионални предизвици.

Марија Јовановска

управителка на туристичка агенција

Преку работа на конкретни проекти можеш да ги преиспиташ и унапредиш сопствените капацитети како стручњак во областа на стратегиските комуникации.

Евридика Николовска

специјалист за комуникација во Т-Мобиле
X
Наши страници

Дома | doma.edu.mk

ResPublica | respublica.edu.mk

Реагирај! | reagiraj.mk

#СамоПрашај | samoprasaj.mk

Медиум | medium.edu.mk

Стоп дезинформации | stopdezinformacii.mk